|
Вистината е како водата. Секогаш ја менува својата форма во зависност од садот
во кој ќе ја ставиш. Силвио
Лупарело, еден од највлијателните луѓе во гратчето Вигата, е пронајден мртов во
својот автомобил, со спуштени панталони, и тоа во озлогласениот дел од градот
што го користат проститутки и дилери на дрога. Како што се шири веста за
неговата смрт, почнуваат да се шират и шпекулациите. Медицинскиот извештај е
категоричен: природна смрт, но комесарот Монталбано ја продолжува истрагата уште
два-три дена. Со својата карактеристична мешавина од хумор, цинизам, сочувство и
љубов кон добрата храна, решен е да се избори против моќните и корумпираните,
кои со разни сплетки му го блокираат патот до вистината. Но и кога ќе ја открие,
тој дел од неа ќе задржи за себе...
„Или го сакате Андреа Камилиери или сè уште не сте го прочитале. Да живеат
Камилиери и Монталбано!“ А. Џ. Фин, автор на бестселерот Жената на прозорецот
„Со своето творештво, Камилиери остави длабока трага во современата италијанска
литература, создавајќи уникатен свет во кој јазикот, иронијата и човечноста се
спојуваат во препознатлив авторски универзум.“ Радица Никодиновска
Il libro è stato presentato il 27 aprile 2026 alla Fiera del libro di Skopje.
La traduttrice, Prof.ssa Radica Nikodinovska, ha parlato delle sfide linguistico-culturali dell'originale e delle soluzioni traduttive.
|